FFP3 XF 310V FFP3 NR D и X 310 SV FFP3 NR D

Може да се користи на места каде што има висока концентрација на прашина, каде што се заварува и леми, дава заштита од прашина што содржи берилиум, антимон, арсен, кадмиум, кобалт, никел, радиум, стрихнин, радиоактивни честички.

Опис

Полумаската е дизајнирана на таков начин што овозможува лесно дишење во текот на работењето.

Анатомската форма, приспособувањето во делот на носот, како и внатрешната пена ја прават полумаската лесно приспособлива на формата на лицето и обезбедуваат максимална заштита. Полумаската X 310 SV FFP3 NR D е составена од следниве елементи:

• повеќеслоен материјал за филтрирање: полипропилен;
• штипалка за приспособување во делот на носот;
• вентил за издишување;
• ластици за главата;
• пластични прицврстувања за ластиците за глава;
• заптивка на носот исполнета со пена;
• внатрешна обвивка што ја подобрува затегнатоста и удобноста при користењето.