FFP2

Може да се користи во средини со средни токсични цврсти материи, со азбест, бакар, бариум, титаниум, ванадиум, хром, манган, тврдо дрво, јаглен, силикатна прашина која е содржана повеќе од 10 %, како и во рударската, хемиската и металуршка индустрија, при заварување и лемење.

Опис

Полумаската е дизајнирана на таков начин што овозможува лесно дишење во текот на работењето. Анатомската форма, приспособувањето во делот на носот, како и внатрешната пена ја прават полумаската лесно приспособлива на формата на лицето и обезбедуваат максимална заштита.

Полумаската X 210 SV FFP2 NR D е составена од следниве елементи:

• повеќеслоен материјал за филтрирање: полипропилен;
• штипалка за приспособување во делот на носот;
• вентил за издишување;
• ластици за главата;
• пластични прицврстувања за ластиците за глава;
• заптивка на носот исполнета со пена;
• внатрешна обвивка што ја подобрува затегнатоста и удобноста при користењето.