Производи

ХТЗ опрема за подобрување на безбедност на работното место, продуктивност и економичност

За нас

Наша визија е да ги сведеме на минимум ризиците на кои се изложени работниците на своите работни места. Тоа може да се постигне преку обезбедување на квалитетни и вистински заштитни средства. Во денешните динамични работни окружувања сакаме да понудиме заштитна опрема која ќе биде квалитетна, соодветна за ризикот на кој е изложен работникот и веднаш достапна за работникот.

ЗОШТО ДА НЕ ИЗБЕРЕТЕ НАС?

Компанијата ЕВРОХЕМ е основана во 1991 година како компанија која се занимава со производство и трговија со хемиски суровини. Од 2009 започнува со трговија на Лични Заштитни Средства и од тогаш се позиционира како увозник и дистрибутер на квалитетна заштитна опрема. Успешното работење со должи на квалитетната и навремена дистрибуција на заштитна опрема и партнерскиот однос со клиентите. Со повеќе од 1000 производи на залиха можеме да одговориме на барањата на клиентите во најкус можен рок. Постојаното вложување и континуираното следење на светските трендови во областа на заштита при работа не прават лидер во дистрибуцијата на високо квалитетна заштитна опрема.

Нашата цел е да станеме компанија која ќе биде лидер во обезбедувањето на квалитетни заштитни средства, достапни производи во секое време и за секаков ризик на работа и совети за компаниите при изборот на вистинската заштитна опрема. Постојано усовршување на вработените за да може да им се помогне на клиентите при изборот на соодветната заштитна опрема. Постојано вложување во кадровско и технолошко усовршување со цел подобрување на квалитетот на услугите и производите кои ги нудиме.

Контакт

info@evrohem.com

Партизански Одреди
62, лок. 3 и 5, 1000 Скопје

+389 70 341 627
+389 2 3222 143